Постојат многу основи по кои можеме да направиме поделби на личностите и карактерите на луѓето. Јас ќе се задржам на различноста која настанува во борбата на индивидуите за општествен статус и распределбата на финансиската моќ. Според мене, постојат три типа на луѓе:
- Збунети послушници - категорија во која спаѓа најголемиот дел од светското население. Поседуваат мала парична моќ, (не)доволна за нивна сопствена егзистенција, се плашат да го кренат својот глас за видливите неправди кон нив и немо ги следат насоките во кои ги туркаат големите светски масонски ложи.
- Авторитети - група која настанува во екот на декларативните заложби за обезбедување на општото добро. Овие ,, МЕСИИ,, се најобични лажговци и бедници. Ветуваат чуда за подобро утре на сите, но вистината е дека се грижат само за обезбедување на добар општествен статус. Се плашат да обезбедат поголема парична моќ.
- Носители на финансиската моќ - најмала категорија, но финансиски најмоќна. Не ветуваат и не чекаат некој да им ги реши проблемите. Немаат чувство на вина во моментот кога го обезбедуваат богатството на грбот на првата категорија и вешто манипулираат со втората категорија за остварување на своите интереси.
Пронајдете се себе си.